Тројца пожарникари од турската противпожарна служба се водат за исчезнати откако нивниот хеликоптер, кој собирал вода за гаснење на шумски пожар, паднал во големо езеро во близина на градот Измир.
Во хеликоптерот наводно имало тројца киргистански државјани и еден Турчин, пишува Euronews. Еден од Киргистанците е спасен и хоспитализиран и неговиот живот не е во опасност.
Слабата видливост на теренот ја отежнува работата на спасувачките служби.
-Спасувачите ги забележале остатоците од хеликоптерот, но видливоста е многу слаба и ништо не може да се види јасно во моментот – изјави турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли.
Фото: Илустрација