Сопругата на мексиканскиот наркобос Ел Чапо, поранешната победничка во избор на убавина, Ема Коронел Аиспуро е ослободена од затвор по две години поминати зад решетки.
Ема Коронел Аиспуро, сопругата на озлогласениот мексикански нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, е ослободена од американски затвор откако помина две години зад решетки во Лос Анџелес поради помагање на нејзиниот сопруг да дистрибуира дрога вредна милијарди долари во САД и перење пари.
Како шеф на озлогласениот картел Синалоа, 66-годишниот Гузман управуваше со трговијата и шверцот со дрога во Мексико 25 години. Ел Чапо е осуден на доживотен затвор и ќе ги живее деновите во затворот што го нарекуваат „хај-тек верзија на пеколот“.
Гламурозната 34-годишна сопруга и мајка на две деца сега е подготвена да започне нов живот без него, а многумина се прашуваат која е поранешната убавица и како стана најблиската доверлива личност и сојузник на најозлогласениот наркобос на светот ?
Ема Коронел Аиспуро е родена во ранчарско семејство во близина на Сан Франциско во 1989 година и пораснал во зафрленото село Дуранго Ла Ангостура, Мексико. На 17-годишна возраст, таа станала кралица на убавината, кога победила на изборот за убавина во Мексико во 2007 година.
Оваа убавица, која има двојно државјанство, не е прва во семејството која се поврзува со картелите. Имено, нејзиниот татко Инес Коронел Барерас бил еден од најдоверливите соработници на Ел Чапо пред неговото апсење во 2013 година.
Ема го запознала наркобосот кога тој ја замолил да танцува на забава во Мексико кога имала 17 години.
-Ми се насмевна заводливо. По некое време, една личност ми пријде и ми рече: “Тој човек прашува дали сакаш да танцуваш со него”, а јас реков ок – изјави таа за LA Times во едно од нејзините ретки интервјуа.
Обичниот танц брзо прераснал во бурна романса, а Ема набрзо ја добива титулата трета сопруга. Тие се венчаа откако таа наполни 18 години. Ел Чапо е 32 години постар од неа, а нивните две ќерки се најмладите од неговите деветнаесетте деца.
Во февруари 2021 година, таа беше приведена од ФБИ на меѓународниот аеродром во Вашингтон, под обвинение за трговија со дрога.
Според обвинителите, Ема помогнала во водењето на нарко империјата на нејзиниот сопруг помеѓу 2014 и 2017 година и, како што велат, тесно соработувала со командната и контролната структура на картелот Синалоа. Таа беше обвинета дека дистрибуирала големи количества дрога што била прошверцувана во САД.
Коронел Ајспуро му помогна на својот сопруг да избега од најбезбедниот затвор во Мексико во 2015 година, купувајќи земја што беше искористена за копање подземен тунел што на крајот го доведе до слобода. Обвинителите рекоа дека таа исто така шверцувала ГПС часовник преку обезбедувањето на затворот, откако го маскирала како храна. Кралот на дрогата, како што го нарекуваат Ел Чапо, ја користел неговата сопруга и како „гласник“, па таа пренесувала пораки меѓу него и другите членови на картелот додека бил во затвор, соопшти тогаш обвинителството.
Во 2021 година, Ема Коронел Аиспуро се изјасни за виновна за помагање во увоз на повеќе од 450.000 килограми кокаин, 90.000 килограми хероин, 45.000 килограми метамфетамин и околу 90.000 килограми марихуана. Таа, исто така, учествуваше во два заговори за бекство на нејзиниот сопруг Ел Чапа од затвор. Станува збор за едно успешно бегство од 2015 година и уште еден неуспешен обид што се случил една година подоцна, додека тој чекал екстрадиција во САД.
Првично соочена со максимална затворска казна од десет години, Коронел Ајспуро доби релативно лесна казна поради недостатокот на криминално досие и фактот што таа не била вклучена во понасилните активности на картелот Гузман. Како дел од нејзиниот договор за признавање вина, таа, исто така, предаде 1,5 милиони долари од дрога. Ослободена е по 27 месеци затвор.