More

    Расел Бренд обвинет за силување, сексуален напад и злоупотреба

    spot_img

    Актерот Расел Бренд е обвинет за силување, сексуален напад и емоционална злоупотреба во период од седум години.

    Како што објави „Тајмс“, за ова го обвинија четири жени, а сето тоа наводно се случило на врвот на неговата слава.

    Се тврди дека сето тоа се случило помеѓу 2006 и 2013 година, кога Расел Бренд бил водител на BBC Radio 2 и Channel 4, пред да стане холивудска ѕвезда.

    Овие ужасни обвинувања станаа јавни откако Расел во петокот објави видео на својот канал на Јутјуб во кое тој остро ги негира „многу сериозните обвинувања што се упатени против него“.

    „Како што нашироко пишував во моите книги, во минатото бев многу, многу промискуитетен“, рече тој, меѓу другото во видеото.

    „Во тоа време на промискуитет, односите што ги имав беа апсолутно секогаш консензуални. Тогаш секогаш бев транспарентен за тоа, речиси премногу транспарентен, и сега сум транспарентен. Се прашувам чиј интерес стои зад се“, додаде актерот.

    Според пишувањата на „Тајмс“, една жена тврди дека Бренд ја силувал „закачувајќи ја за ѕид“, а друга тврди дека актерот ја нападнал кога имал 31 година, а таа имала само 16 години.

    Таа исто така рече дека актерот ја нарекол „дете“ за време на „емоционално навредлива и контролирачка врска која траела три месеци“, рече тој.

    Третата жена истакнала дека комичарот наводно сексуално ја нападнал додека работела со него во Лос Анџелес и тврди дека и се заканил дека ќе ја тужи ако каже некому. Четврта жена тврдела дека Бренд сексуално ја нападнал, но и физички и емоционално ја малтретирал.

    Актерот ги негираше обвинувањата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img