More

    Иницијаторите на протестот тврдат дека се правеле намерни пропусти во евиденцијата

    spot_img

    Клиниката за онкологија ги води како живи пациентите кои некогаш се лекувале таму, а потоа починале во домашни услови, тврдат иницијаторите на протестите поттикнати од скандалот на Клиниката за онкологија, кои ќе продолжат со нов протест в понеделник во 18 часот пред Владата, а потоа и пред Јавното обвинителство.

    „Протестот е организиран поради новиот скандал врзан со немањето евиденција на Клиниката за онкологија за починатите пациенти во домашни услови и требување на лекови за црн пазар, наместо за пациентите.

    Причината за ова е постоењето на два системи кои ја организираат работата со пациентите:

    „Мој термин” и „УЛТРА”, но во ниту еден од нив не била регистрирана смртта на пациентите пуштени на домашно лекување.

    Според информациите во медиумите, системот „УЛТРА” е местото каде се заведува каков лек примил секој пациент и по однос на заведеното се прават требувањата од одделот до аптеката. Согласно ова, за пациенти кои се починати дури и пред десеттина години, на нивното досие во „УЛТРА” почнувале да се лекуваат други пациенти.

    Ако се земе предвид дека овој пропуст постои уште од првиот ден кога е воспоставен овој систем, и за проблемите и пропустите во истиот знаат од директорите на Онкологија до сите министри за здравство изминативе години, тогаш нема сомневање дека системскиот пропуст е намерен.

    Бидејќи не се преземало ништо сите овие години проблемот да се реши, се поставува прашањето дали овој пропуст е направен со цел злоупотреба на починатите пациенти и истиот е користен за требување на лекови кои се продаваат на црниот пазар?!

    Затоа, го повикуваме обвинителството сериозно да се зафати за работа.

    Одговорност за правењето криминал и заработувањето пари на сметка на починатите пациенти мора да има!

    А ние, излегуваме на протест во понеделник од 18 часот кој ќе заврши пред Обвинителство.

    Или ќе ги најдете виновниците и криминалците, или сте нивни соучесници! Поинаква опција нема!“ – велат иницијаторите на протестот.

    Тие потсетуваат дека нивниот услов од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела и поради тие причини протестите ќе се интензивираат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img