Експлозија на работната машина за производство на ракетно гориво се случила утрово околу шест часот во комплексот на компанијата „Едепро“ во Лештане, Србија, јавија српски медиуми.
Според првичните информации, во експлозијата нема повредени или жртви, соопшти МВР на Србија.
Сите служби за итна помош се на терен и ќе следи понатамошна работа. Полицијата превентивно ги затвори сите приоди кон фабриката, од излезот од автопатот Бубањ Поток во правец на Лештане и обратно.
Пожарникарите веднаш интервенирале и утврдиле дека машината за производство на ракетно гориво експлодирала бидејќи се прегреала, пренесуваат медиумите.