Владата на Монако денеска објави прекин на преговорите со Европската унија, што почнаа во 2015 година, за потпишување договор за асоцијација.
„На вчерашната средба во Брисел меѓу претставниците на ЕУ и Монако, учесниците постигнаа взаемно разбирање за неможноста да се усогласат барањата на ЕУ со црвените линии што ги истакна принцот Алберт Втори во 2015 година“ – се вели во соопштението.
Соочена со неверојатни цени на недвижностите на оваа мала територија на брегот на Средоземното Море – до 120.000 евра за метар квадратен во најпрестижните населби – владата дава финансиски стимулации за 9.000 граѓани за да можат да останат во земјата со население од 40.000 жители.
„Ова е неопходно за да се обезбеди одржување на сегашните услови за живот, работа и домување на граѓаните и жителите на Монако. Во овој контекст, двете страни се согласија дека во рамките на актуелниот мандат на Европската комисија нема услови за склучување договор и се согласија да ги прекинат преговорите“ – заклучи владата на Монако.