Еден тетовец и еден албански државјанин во Тетово ограбиле покојник и против нив е поднесена кривична пријава. Тие првично му помогнале и го однеле во болница 71-годишниот човек на кој му се слошило. Но, кога тој починал во болницата, со измама го ограбиле.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26) од Република Албанија, со живеалиште во с.Врапчиште и Х.З.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. На 14.12.2022 во угостителски објект во Тетово, пријавените го забележале Т.Л.М.(71) од с.Вешала, на кој му се слошило и го однеле во Клиничка болница Тетово, каде починал. Притоа, пријавените лажно се претставиле како негови роднини и од него одзеле пари, лични документи и два мобилни телефони и се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000 денари“ – стои во известувањето од МВР.