Автопатот Атина – Солун попладнево ќе биде отворен и во двата правци, но само за автомобили и возила до 3,5 тони, а сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Автопатот Атина – Солун попладнево ќе биде отворен и во двата правци, но само за автомобили и возила до 3,5 тони, а сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, јави дописничката на МИА од Атина.

Од компанијата која управува со автопатот соопштија дека денеска во 17 часот по локално време ќе биде пуштен за сообраќај делот околу Лариса што беше затворен поради излeвањето на реката Пиниос.

Сообраќајот ќе се одвива регуларно во двата правци, но само по левата лента.

За тешките возила, за кои сега постои забрана, дополнително ќе излезат со соопштение откако ќе завршат со потребните проверки.

Сообраќајот на автопатот Атина – Солун, во делот околу Лариса беше во прекин од саботата.

фото: МИА

Share This Article