Претседателот на Србија Александар Вучиќ, оцени дека денешните преговори во Брисел со премиерот на Косово, Албин Курти и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, биле тешки и неуспешни
Според него, разговорите се одржале „во речиси невозможни услови“.
„Не беше лесен ден во Брисел. Во тешки и речиси невозможни услови, една неуспешна средба“, вели Вучиќ во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил.
Тој во моментов е во Будимпешта каде се очекува да има средби со унгарски и бугарски високи претставници.