Иако демантираше и ги обвини медиумите дека шират сензационалистички и лажни вести, сепак, Бирото за развој на образованието (БРО) одлучи да го избрише документот од сопствената веб-страница, а кој предизвика бура од реакции кај јавноста.
Имено, станува збор за работни листови за средношколци за предметот Образование за животни вештини во кои се хетеросексуалноста се споредува со ментално пореметување.
Па така, ако сега се обидете да го отворите онлајн изданието на скандалозниот прашалник, ќе добиете само порака: „Страницата не постои, обидете се повторно“.
Инаку, неформалната група составена од родители „Родителски фронт“ за попладнево во 18 часот најави протест во центарот на Струмица.
Протестот, според најавата, ќе се одржи против родовата идеологија во наставните содржини во основното и во средното образование.