More

    Рубиалес вмешан во нов скандал: и вети милиони на Барселона, но едно криеше

    spot_img

    Луис Рубиалес повторно ја шокира фудбалската јавност. Тој штотуку поднесе оставка поради скандалозниот потег на финалето на Светското првенство, кога ја бакна во уста фудбалерката Џенифер Хермосо, а сега е вмешан во нов скандал.

    Угледниот шпански весник „Ел Мундо“ откри дека Рубиалес, сега веќе поранешен претседател на Федерацијата, ја убедил Барселона финалето на Суперкупот против Атлетико Мадрид да го игра во странство, поточно во Саудиска Арабија.

    На каталонскиот клуб му гарантираше добивка од 6,8 до 8 милиони евра, но едно премолчи – дека Пике, поранешниот капитен на Барселона, ќе добие дури 24 милиони евра провизија за работата.

    Барселона се согласи на понудата, договорот набрзо беше потпишан, но прашање е како би реагирале на се кога би знаеле колку Пике ќе заработи од таа работа. За тоа се пишуваше пред повеќе од една година, но сега протекоа пораките помеѓу Рубиалес и Барселона.

    Да потсетиме, поранешниот шпански репрезентативец речиси целата своја кариера ја мина во редовите на каталонскиот гигант, а на првиот ден од 2023 година реши да ги закачи копачките и да се повлече од фудбалот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img