More

    Отворена поставка на дела од Ѓорѓи Чулаковски Ѓото во КИЦ Битола

    spot_img
    КИЦ Битола со своето седиште Офицерски дом- полека, но сигурно станува место на трајни ликовни вредности, кои заветуваат следни генерации на сеќавање, едукација и континуитет на творечкото наследство. Со синоќешното отворање на поставката на дел од творечкиот опус на познатиот битолски и македонски ликовен уметник Ѓорѓи Чулаковски Ѓото, насловена како „СИМБОЛИ И НОВИ КОНТЕКСТИ – графичкото творештво на инспирација за екфрастичка поезија“ се реализира една благородна иницијатива за трајно отстапување и поставување на дела од овој голем и признат македонски графичар во поставка која ќе биде достапна за јавноста. Благодарение на отвореноста на неговата сопруга Верица Чулаковска, која се јавува и како куратор на изложбата, КИЦ Битола со поддршка на Министерство за култура го реализира овој проект од национално значење. Ова воедно претставува и гест на паметење и почит, кој уметникот кој е по потекло од Битола, иако неговите дела ги украсуваат галериите на речиси сите светски метрополи. На отворањето пристутни беа ликовни уметници, дел и негови ученици, членовите на Битолскиот книжевен круг кои инспирирани од нелата на Ѓото создадоа поезија, како и бројни гости.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img