Најмалку едно лице загина, а две други се повредени во пукање во средно училиште во американската сојузна држава Луизијана, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолија.
Пукањето се случило во средно училиште во Гринсбург, а сите жртви се ученици.
Надлежните соопштија дека осомничениот е во полициски притвор.
Мотивот за пукањето засега не е познат.