More

    Околу 70 возачи на ЈСП Скопје од 1 октомври ќе го напуштат јавното претпријатие и ќе почнат да работат за германска компанија во земјава

    spot_img

    Околу 70 возачи на ЈСП Скопје од 1 октомври ќе го напуштат јавното претпријатие и ќе почнат да работат за германска компанија во земјава, дознава Плусинфо.

    Според информациите до кои дојдовме, расте незадоволството кај возачите во ЈСП „Скопје“ откако им ги намалија платите за 2.000 денари. Стотина возачи во март годинава веќе си заминаа од претпријатието, а новиот бран на заминувања се очекува деновиве.

    – Јас и уште неколку колеги потпишавме договори за друга компанија, каде што добивме многу подобри услови за работа, поголема плата и сè што баравме и ни беше ветувано во ЈСП. Повеќе не се издржува да се работи во ваква токсична средина – вели нашиот извор кој сакаше да остане анонимен, а не го откри ниту името на германската компанија, која барала 120 возачи.

    Друг извор за Плусинфо ни ја потврди истата информација и заминувањето на одреден број шофери од ЈСП „Скопје“.

    – Пред извесно време во еден скопски хотел имаше средба меѓу возачите од ЈСП „Скопје“ со претставниците на германската компанија. Таму на возачите им беа објаснети условите за работа, кои тие ги прифатија, потпишаа договори и веќе од 1 октомври ќе започнат на новото работно место – вели нашиот друг извор.

    Плусинфо го контактираше синдикалецот Маријан Поповски, кој официјално ни ги потврди информациите за заминувањето на возачите од претпријатието, но не прецизираше колкумина ќе го напуштат ЈСП од следниот месец.

    – Точно е дека си заминуваат возачи и дека ќе продолжат да работат во некоја странска компанија. Нормално е возачите да си заминат по неисполнувањето на законските обврски на претпријатието, намалувањето на основната плата, неисплатата на прекувремените часови, хранарината и уште куп проблеми. Во денешно време секој си избира да замине онаму каде што ќе му бидат понудени подобри услови за работа – ни изјави Поповски.

    До јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ испративме прашања да ни ги потврдат или негираат нашите информации, но до објавувањето на текстов, од ЈСП „Скопје“ не одговорија.

    Плусинфо и во март годинава пишуваше за зголемениот број откази на возачи кои заминуваа да возат автобуси во меѓуградскиот и во меѓународниот транспорт, како и да работат во странство. Тогаш од ЈСП „Скопје“ ни го дадоа следниот одговор:

    – Бројот на возачи со кои располага претпријатието е сосема доволен за покривање на секојдневните работни задачи за непречено и квалитетно функционирање на јавниот превоз. Во моментов располагаме со 650 возачи, до јуни по основ на пензионирање претпријатието ќе го напуштат 5 возачи, а само еден возач користи неплатено отсуство во период од 3 месеци.

    Оттаму додадоа дека годинава, за жал, нема да бидат во можност да вработат возачи на неопределено време, со оглед на тоа дека Советот на Град Скопје без објаснување не го усвоил Годишниот план за вработување на ЈСП „Скопје“, кој предвидува во текот на 2023 година на неопределено време да бидат вработени 90 возачи.

    – Тоа значи дека дел од ангажираните возачи и натаму ќе бидат вработени преку Агенцијата за привремени вработувања, а и доколку се јави потреба од нови возачи, на нив ќе можеме да им понудиме единствено ангажман преку Агенцијата – рекоа во март од јавното претпријатие.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img