More

    Шверцер на мигранти решил да не се предаде лесно

    spot_img

    На автопатот Велес– Скопје полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера го привеле С.Е.(24) од село Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти, соопшти МВР.

    Тој со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што со повреди се здобиле двајца полициски службеници и С.Е..

    Претходно, С.Е. во близина на наплатна станица Демир Капија застанал и од возилото излегле осум лица мигранти од Сирија, а удрил и во рампа од наплатната станица Отовица. С.Е. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се пренесени во прифатно –транзитен центар Винојуг“ – се вели во информацијата од СВР Велес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img