More

    Неделава стапуваат во сила новините во Кривичниот законик – Европската комисија изрази загриженост

    spot_img

    Европската комисија со загриженост констатира дека некои од измените на Кривичниот законик усвоени на забрзан начин од Собранието на Северна Македонија, кои ги намалуваат максималните законски казни и имаат импликации врз примената на застареноста, влијаат на голем број случаи на корупција на високо ниво, изјави портпаролката на ЕК, Ана Писинеро, за ТВ 24, како прва реакција по минатонеделните експресни измени на Кривичниот законик.

    Од ЕК изразуваат жалење поради недостатокот на сѐопфатни консултации на домашните чинители со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за знаменце на ЕУ, која велат треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со ЕУ acquis.

    – Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки – вели Писинеро.

    Од ЕК велат дека од клучно значење е зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата,  вклучително и преку солидна истрага, како и гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво. Оттаму додаваат дека Комисијата ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото многу внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори.

    Шефот на Делегацијата на Европската Унија во РСМ, Дејвид Гир, вчера најави дека измените „се проучуваат од колегите во Брисел“ и оти е сигурен дека наскоро ќе има став за тоа прашање, исто како и за процедурата во која се донесени – по скратена постапка, со европско знаменце.

    Измените во Кривичниот законик ги разгледува и правниот тим на Американската амбасада во Скопје.

    „Правниот тим на американската амбасада ги разгледува. Јас лично не сум ги видела, така што не можам да ги коментирам. И како што кажавме во соопштението на Стејт департментот, потребно е да се следат процедурите на правниот систем на земјава“, одговори на новинарско прашање американската амбасадорка Анџела Агелер при вчерашниот церемонијален почеток со работа за изградба на Коридорот 8.

    Претседателката на Државнта комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска, во емисијата 24 анализа рече дека овој закон е донесен со еден ден  комисиска расправа и пленарна седница во Собранието.

    – Тоа е молскавична брзина на донесување на закон по скратена постапка. Кога ја подготвувавме националната стратегија, истакнавме дека донесување  закони по скратена постапка претставува ризик од корупција и дадовме препорака да се намали таквиот начин на донесување на законите. Пратениците ја изгласаа таа стратегија и го прифатија тоа. Повторно доаѓаме во таква ситуација на донесување закон кој не овозможи јавна дебата и експертите да си го кажат своето мислење и не се направи анализа што ќе донесе овој закон – рече Ивановска.

    Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша измените на Кривичниот законик. Тие се објавени во „Службен весник“ со датум 7 септември 2023 и би требало да почнат да важат од петок.

    За повеќето измени е наведено дека ќе почнат да се применуваат по шест месеци, но не и измените на делата за злоупотреба на службената положба, кои ќе почнат да важат веднаш. Новите законски измени за дел од обвинетите ќе значат многу пониски казни, а за дел и крај на судските постапки. Според Коалицијата Сите за правично судење, во најмалку 14 судски процеси, ќе настапи застареност на кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувања. Речиси сите судски случаи се предмети кои ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а во кои се опфатени над 80 лица. Станува збор за „ТНТ“, „Талир“, „Талир 2“, „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Тарифа“, „Дизајн“, „Топлик“, „Титаник“, „Тендери“, „Титаник 2“, „Траекторија“, „Шпански скали“, предметот за градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Списокот може да биде и подолг, бидејќи во евиденцијата не се земени предвид истрагите кои се наоѓаат во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img