Полицаец (38) со пушка утрово ја застрелал 42-годишната сопруга во стан во населбата Каламарија во Солун, по што и самиот си пресудил, пренесуваат грчките медиуми.
Според „Прототема“, двојката имала две деца, кои утрово нивниот татко ги одвел на училиште непосредно пред да го изврши крвавиот чин.
Според информациите на грчките медиуми, полицискиот службеник Л.М. служел во одделот за технички апликации на северна Грција и немал службено оружје. Ја застрелал сопругата со пушка, при што смртно ја ранил во стомакот.
– Ги познавам со години, последната година беа разделени, не живееја заедно – изјавил локален жител кој ја познавал поранешната двојка.
Властите истражуваат дали мотивите на убиецот се поврзани со љубомора.