More

    Менаџерот тврди: Погба не сакал да ги прекрши правилата

    spot_img

    Погба беше позитивен на тестостерон на стандардниот допинг тест, кој беше направен на 20 август по натпреварот од првото коло во Серија А против Удинезе.

    „Сигурен сум дека Пол Погба никогаш не сакал да ги прекрши правилата“, изјави менаџерот на играчот на Јувентус, Рафаела Пименто по одлуката на италијанската Национална антидопинг агенција (НАДО) привремено да го суспендира францускиот играч поради допинг. медиуми.

    Натпреварот заврши со победа на Јувентус од 3:0, а Погба го мина целиот меч на клупата за резерви, но беше меѓу играчите по случаен избор на тестирање.

    „Ги чекаме резултатите од вториот тест, а дотогаш не можам да кажам ништо. Сигурно е само дека Погба никогаш не сакал да ги прекрши правилата“, изјави Пимента.

    Јувентус потврди дека Погба е привремено суспендиран. Италијанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер би можел да биде суспендиран на четири години доколку вториот тест потврди присуство на недозволени супстанци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img