На 10.09.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Џ.С.(35) од Виница. Таа се сомничи дека околу 19.30 часот влегла во куќа во село Тимјаник, неготинско и се обидела да изврши кражба.
Лицето било приведено во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.