Српскиот претседател Александар Вучиќ се заложи дека лично ќе купи паризер и јогурт за појадок одговарајќи на исмевањата од опозицијата во Србија која е скептична во врска со новите мерки за намалување на цената на основните прехрамбени производи кои се воведуваат.
Тој на самитот „Брдо-Бриони“ од Скопје порача:
– Баш ќе ги купам, и јогуртот што го претставивме и паризерот, лично ќе си го купам во среда. И ќе ги викнам Мали и Момировиќ. И ќе направиме сендвичи. Знаете како правевме како деца, во четвртина леб. Ќе земеме малку мајонез и ќе ставиме малку паризер и тоа ќе ни биде појадок – рече Вучиќ.
Српскиот претседател го објави истото и на својот Инстаграм-профил.
„Во среда лично ќе купам паризер и јогурт за појадок, а тие нека се смеат дека се грижиме за народот“, напиша Вучиќ.