More

    Вилијам и Кејт први го гледаа „Топ ган“

    spot_img

    Принцот Вилијам (39) и војвотката Кејт Мидлтон (40) веќе се навикнати на кралскиот третман, а сега актерот Том Круз (53) ги изненади со премиерата на продолжението на својот популарен филм.

    Имено, Круз дознал дека принцот Вилијам е голем обожавател на оригиналниот филм „Топ Ган“ од 1986 година. Според британски „Сан“, Круз организирал специјална проекција на „Top Gun: Maverick“ за членовите на кралското семејство и пријателите во Лондон еден месец пред официјалната премиера на Филмскиот фестивал во Кан.

    Том ги пречекал и ги поздравил членовите на кралското семејство, а проекцијата се одржала во киното на Лестер Сквер, така што доживувањето било посебно бидејќи станува збор за едно од најголемите филмски платна во Велика Британија. Покрај Вилијам и Кејт, филмот го гледале Софи Весекс, принцезата Јуџин и избран круг на пријатели.

    – Беше тоа многу необична премиера, но Том не размислуваше премногу откако дозна дека принцот Вилијам е голем обожавател на филмот – откри пријател на кралската двојка, додавајќи дека киното било затворено за другите посетители за да се обезбеди приватност на избраното друштво.

    Круз во филмот го отелотвори капетанот Пит „Маверик“ Мичел, а продолжението се снимаше од 2018 до 2019 година. Иако премиерата беше закажана за 2019 година, таа беше одложена поради снимањето на сцената во авионот, која беше многу напорна, а потоа датумот дополнително беше поместен поради пандемијата на коронавирусот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img