More

    За позитивниот раст заслужна трговијата и финансискиот сектор

    spot_img

    Стапката на раст на домашниот бруто производ (БДП) во второто тримесечје од 2023 година е 1,1% според проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

    Во второто тримесечје од годинава, поголем пораст е забележан во секторите  „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“, „транспорт и складирање“, „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 7,6% и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ од 5%.

    Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2023 година, номинално расте за 9,9%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,9%.

    Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2,6%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3%.

    Стапката на раст на БДП во првиот квартал годинава според податоците на ДЗС изнесуваше 2,1%. Проекциите на Министерството за финансии се дека БДП годинава ќе изнесува 2,5%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img