Украина и Молдавија ќе добијат датум, а ние, сирачињата од Балканот…

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој учествуваше на самитот Брдо-Бриони во Скопје, изјави дека на таа средба се разговарало за европската иднина на регионот, за која кај едни има поголем ентузијазам, а кај други помалку. Тој рече дека денот поминал во конструктивна дискусија и дека во декларацијата стои дека е потребно членство на регионот во ЕУ што поскоро, а најдоцна до 2030 година.

„Тоа се убави желби, но кој сум јас да го уништам оптимизмот и да ја намалам амбицијата на некои други. Супер ако е така, но не сум сигурен“, рече Вучиќ.

Тој објасни дека на средбата се разговарало за тоа што може регионот да побара од ЕУ, од различните иницијативи за роаминг до воспоставувањето „зелени линии“ и заеднички пазар.

Во Скопје немало конкретни одлуки.

„Што очекувате Хрватска и Словенија да направат повеќе од она што ќе го кажат Берлин или Париз? Луѓето сакаат да помогнат, благодарам за тоа и – тоа е тоа. Не знам што очекувате како одлука денеска, одамна нема такви конкретни одлуки – рече претседателот на Србија и додаде дека конкретните одлуки за Украина ќе бидат донесени до крајот на годината.

„Тие ќе добијат датум и ќе добијат нешто друго, а претпоставувам дека ќе добие Молдавија. А ние, сираците од Балканот, ќе видиме како ќе биде за нас“, рече претседателот Вучиќ.

„Секогаш некој нешто ќе смисли, ние го сакаме македонскиот народ, ја почитуваме државата Северна Македонија, ништо не бараме и да го чуваме нашето пријателство“, одговори српскиот претседател на новинарско прашање за неговиот став околу бугарската блокада на Северна Македонија на евроинтегративниот пат, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој додаде дека има нешто важно што сака да го каже, во Скопје, но и на претставниците во Белград.

„Важно е за нас ние од регионот да бидеме блиски едни со други, да си ги развиваме односите, да си ги скратуваме процедурите меѓу нас, да обезбедиме слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, ние да бидеме тие кои со својата стапка на раст ќе биде повисоко од европската во наредните 10 -15 години. И ако ги видите прогнозите на ММФ и СБ, ние драстично ќе ја намалиме разликата од Западна Европа и да се преставиме како единствен блок и покрај разликите и така да настапуваме пред ЕУ“, изјави Вучиќ на прес конференцијата на Процесот Брдо-Бриони во Скопје.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека „безброј пати на сите форуми секогаш говорел дека Србија го признава и македонскиот јазик и територијата на Северна Македонија и црквата и никогаш никаков проблем сме немале и ќе продолжиме да водиме таква политика“.

Вучиќ претходно одговарајќи на новинарско прашање за бугарското и хрватско барање за воведување санкции кон Русија.

„Како се сетија да зборуваат за тоа дека Србија мора да воведе санкции кон Русија. Од сите теми се најдоа Хрват и Бугарин да зборуваат за тоа што треба Србија да работи. Ајде убаво, имате вие свои проблеми и маки, грижи се ти Бугарину што ќе работиш во својата земја“, рече Вучиќ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article