Отворена нова подрачна канцеларија на Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, Кавадарци во Општина Росоман

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Општина Росоман започна со работа новата подрачна канцеларија на Центарот за социјални работи, Кавадарци. По тој повод министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше во посета на Општина Росоман.

„Заложбите на Владата на Република Северна Македонија за социјална правда, инклузивност и еднаков третман за сите граѓани продолжува. Работиме посветено на создавање на еднакви можности и еднаков пристап до ресурси на сите граѓани,“ истакна Тренчевска.

Од денеска, жителите на Општина Росоман заедно со останатите населени места добиваат можност на пристап до социјалните права во своето место на живеење. Тоа се 243 предмети каде корисници на социјални права и права од детската заштита се жители на Росоман. Овие граѓани повеќе нема да имаат потреба да патуваат до Кавадарци за остварување на правата од системот на социјална и детска заштита.

Министерката изрази благодарност до Општина Росоман и градоначалникот Стојан Николов за отстапувањето на просторот за канцеларија за социјални работи. И посочи дека ова е потврда за слухот на локалната заедница за потребите на своите жители.

- Advertisement -
Ad image

„Грижата за сите граѓани беше поставена од почеток високо на агендата на оваа Влада и така и продолжуваме. Социјалната реформа беше креирана во тој дух, да обезбеди достоинствен живот за оние граѓани кои поради разни причини не се можност да обезбедат самостојно доволно средства за живот и оние на кои поддршката им е неопходна,“ истакна Тренчевска.

Министерката истакна дека, придобивките од социјалната реформа се видливи. Граѓаните – корисници на гарантирана минимална помош добиваат за 300% зголемена помош од државата. Притоа, се зголеми и опфатот на корисници. Ако пред реформата за детски и за образовен додаток имаше по околу 3000 корисници, денес тоа се околу 25.000 корисници за секое од овие права. Висината на правата се покачи неколку пати. Денес, правото на посебен додаток е за 30 % повисоко од минатата година, а правото на попреченост и право на помош и нега од трето лице само во 2023 година е повисоко за 14.2% .

Градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов посочи дека граѓаните се на прво место и дека сите политики и мерки локалната заедница ги креира токму во согласност со нивните интереси и потреби.

Тој сподели позитивна вест со јавноста, а тоа е дека првиот услужен граѓанин во новата канцларија е жител на Росоман, кој аплицираше за надоместок за новороденче.

Канцеларијата во Росоман ќе прима странки два пати во неделата, а доколку потребите на граѓаните се зголеми ќе бидат овозможени и повеќе термини.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article