Денеска во Мостар, Босна и Херцеговина, започна да се одржува бизнис саемот на кој покрај што ќе продефилираат над 50.000 посетители од бизнис заедницата во регионот, ќе дојдат и премиерите на Хрватска, Србија и на БиХ.
Македонија ќе биде претставена од претседателот на Стопанска комора на Северна Македониа, Бранко Азески, кој ќе има прилика да разговара со Пленковиќ, Брнабиќ и со Новалиќ.
„23 Меѓународен бизнис саем во Мостар“ што ќе се одржи во периодот од 5 до 9 април 2022 година, е една од најважните саемски манифестации во Босна и Херцеговина по бројот на изложувачи и посетители. Мостарскиот саем е дел од мрежата на Здружението на изложувачи од југоисточна Европа (ЕАСЕЕ).
Унгарија како земја-партнер на овогодинешниот саем, ќе ги претстави своите економски потенцијали и можности за соработка. На саемот ќе учествуваат голем број изложувачи, доминантно од Австрија, Германија, Турција, Полска, Израел како потенцијална земја партнер. Присутни се и излагачи од Кина, предводени од технолошкиот гигант Huawei.
Саемот ќе биде збогатен со конференции, на регионално и меѓународно ниво од областа на животната средина, земјоделството и прехранбениот сектор, потенцијалот за развој на туристичките дестинации во пост ковид периодот, Б2Б -средби и образовни настани, нудејќи им на учесниците единствена понуда и комбинација од саемски и конференциски настани на едно место. Планирани се и тематски денови, а секој од нив ќе понуди придружна содржина поврзана со одреден сектор од економијата, што ќе им донесе уште подобра можност на учесниците да одржат конкретни деловни состаноци и да го подобрат бизнисот.
По саемот во Тирана во декември 2021 година, Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (КИФ ЗБ6) организира заеднички штанд и во Мостар за 30 избрани мали и средни претпријатија (МСП) кои ќе бидат бидат дел од заедничка делегација што ќе учествува на „23от Меѓународен бизнис саем во Мостар“ од 5 до 7 април 2022 година. Во рамки на штандот На КИФ учество ќе земат компании од земјоделскиот и земјоделско-прехранбениот сектор.
На заедничкиот штанд на КИФ ЗБ6 компаниите учесници од регионот на Меѓународниот бизнис саем во Мостар ќе имаат можност за средба со шесте големи малопродажни синџири/дистрибутери (1 од секоја економија од ЗБ6) што ќе учествуваат во програмата. меѓусебни деловни средби на компаниите од регионот како потенцијални партнери, можност за учество на обуки по мера за одржливо производство и потрошувачка на храна согласно со стратегиите и стандардите на ЕУ и да ги претстават своите промотивни материјални.