More

    Романското Министерство за надворешни работи го повика на разговор рускиот вршител на должноста, откако на територијата на Романија беа откриени нови делови од дрон слични на оние што ги користи руската армија

    spot_img

    Романското Министерство за надворешни работи го повика на разговор рускиот вршител на должноста, откако на територијата на Романија беа откриени нови делови од дрон слични на оние што ги користи руската армија, пишува Аџерпрес.

    На територијата на Романија се пронајдени делови од дрон слични на оние што ги користи руската армија, соопшти вчера романското Министерство за одбрана, а претседателот Клаус Јоханис изјави дека тоа укажува на неприфатливо нарушување на романскиот воздушен простор.

    Тој во изјавата рече дека го информирал генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за деловите од дронот, втор што се урна на романска територија оваа недела, и дека Столтенберг ја повторил целосната солидарност на Алијансата со Романија.

    – Идентификувањето од страна на романските власти на територијата на Романија во близина на границата со Украина на нови фрагменти од беспилотни летала укажува на неприфатливо нарушување на воздушниот простор на Романија, земја-членка на НАТО, со реални ризици за безбедноста на романските граѓани во таа област – потенцираше Јоханис.Каналот „Вишеград24“ на Твитер објави дека се работи за втор ваков случај со дрон кој паѓа на романската страна на Дунав, близу Одеса, откако на 4 април, во неразјаснет напад, Украина ја обвини Русија дека нападнала на романска територија на 100 метри до границата во пристаништето Реми. Романските власти првично ја демантираа веста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img