По повод повод 32 години независност, зградата на Владата на Република Северна Македонија вечерва е обоена во боите на македонското знаме.
Под мотото „Гласник на слободата“ денеска со повеќе активности, во организација на Владата, се одбележа Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември. Граѓаните имаа можност за бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, беа одржани тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како и други културно-уметнички програми.