Папата Франциско во петокот на приватна аудиенција во Ватикан го прими холивудскиот актер со италијанско потекло Силвестер Сталоне и неговото семејство, соопшти Светата столица.
Сталоне (77), ѕвездата на Роки и Рамбо, престојува со својот брат, музичарот Френк, во Италија, каде ќе ја добие титулата почесен граѓанин на родното место на неговото семејство, Џоја дел Кола во Апулија.