More

    Фронтекс ќе и помогне на Албанија во борбата против прекуграничниот криминал

    spot_img

    Советот на ЕУ донесе одлука за потпишување на договор меѓу Албанија и европската агенција за гранична контрола Фронтекс, што ќе овозможи заеднички операции и распоредување на тимовите на агенцијата во Албанија, соопшти Брисел. Ажурираниот договор ќе го замени сегашниот од 2019 година, откако ќе биде одобрен од Европскиот парламент.

    Врз основа на договорот, Фронтекс ќе може да и помогне на Албанија да управува со миграциските текови, да ја спречи илегалната имиграција и да се бори против прекуграничниот криминал, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

    „Прекуграничниот криминал и управувањето со имиграцијата се важни предизвици – и за земјите од ЕУ и за нашите најблиски соседи“, рече Фернандо Гранде-Марласка Гомез, вршител на должноста министер за внатрешни работи на Шпанија, која моментално претседава со ЕУ.

    Новиот договор ќе го замени досегашниот договор меѓу Албанија и агенцијата Фронтекс, кој стапи на сила во 2019 година, а беше склучен пред стапувањето во сила на новата регулатива за Европската агенција за гранична и крајбрежна стража. Советот на ЕУ ќе може да го финализира договорот со Албанија откако ќе добие зелено светло од Европскиот парламент.

    Од стапувањето во сила на новата регулатива, Фронтекс може да им помогне на земјите со кои потпишува договори на целата нивна територија, а не само во регионите кои граничат со територијата на ЕУ, како што беше случајот во претходниот мандат. Регулативата, исто така, им дозволува на персоналот на агенцијата да врши извршни овластувања, како што се гранични контроли и регистрација на лица.

    Според претходните правила, Фронтекс има потпишано договор за соработка во управувањето со границите со Србија од 2020 година, а според новите правила агенцијата го потпиша договорот со Молдавија минатата година, а годинава со Северна Македонија и Црна Гора.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img