Кога би можеле да направиме список на нешта кои сепак се добри кај вештачката интелигенција (ВИ) која му се заканува на човештвото ќе бидеме изненадени од работите кои таа ќе може да ни ги понуди. Го прашавме самиот ЧатГПТ да ни наброи 10 од нив, а тие се нераздвоиви од чиста магија.
Да, повеќе од триста илјади работни места ќе бидат загубени во Европа и во САД, ЧатГПТ може да се повампири, следните генерации ќе се соочат со социјални проблеми, роботите можеби ќе кренат востание, но ВИ може да пронајде лек против ракот и многу повеќе од тоа. Да го оптимизира целото човештво. Не само да направи да работиме креативни работи додека роботите чистат и готват позади нас.
Можеби, после сѐ, трансхуманизмот, како што го нарекуваат, кој ни претстои и нема да биде така лош за обичните смртници.
1. Лек или лекови за рак. ВИ не игра само игри – тој ќе биде претендент вистински да најде лек за една од најтешките болести. На пример, со точна прецизност, ВИ ќе може да анализира медицински слики и податоци за пациентите, да ги забележува клетките со рак како никогаш до сега. Тоа значи дека на дневна база ќе можеме да проверуваме дали случајно некоја клетка развила рак и потоа брзо да ја исчистиме. Рано откривање значи подобри третмани и повеќе спасени животи!
2. Магионичар за плодност. Според научници од Универзитетот за технологија во Сиднеј, ВИ може со страшна прецизност да најде остатоци од сперма кај неплодните мажи за тој примерок да се искористи за оплодување на јајце-клетката. Дури 7 отсто од мажите во светот се соочуваат со неплодност, а 10 отсто од нив речиси немаат сперма во ејакулатот.
Ако им ја оставите задачата на барање на луѓето, секако, ќе им требаат месеци за вакво нешто.
3. Еколошки волшебник. Мајката Природа добива свој суперсојузник во вештачката интелигенција. Дроновите и сензорите со ВИ би можеле да го следат загрозениот светски биодиверзитет, да ги откриваат активностите на танкерите со нафта и многу повеќе.
4. Заштитник од непогоди. ВИ веројатно ќе биде првиот „метеролог“ кој ќе може 100 отстотно да ја предвиди климата! Да, онаа клима која минува низ промени, па последните години планетата е жешка, летата се полни со поплави или пак со пожари, а снегот изненадува кога не му е време. ВИ ќе може да анализира податоци и рано да предупредува за непогодите, но и да предлага како најдобро да спасуваме луѓе кога тие ќе се најдат сред бурата.
5. Јазичен Вуду. Нема повеќе јазични препреки! Моќта на ВИ за превод ги срушува комуникациските ѕидови. ВИ ќе може симултано да ви преведува и да ви го куца тоа што кажува некој соговорник од другата страна на планетата. Речиси ќе заборавиме да учиме нови јазици.
6. Паметниот земјоделец. ВИ ќе ги претвори земјоделците во волшебници. Ќе им дава ретки податоци за земјата, временските услови и за состојбата на култивираните растенија, со што тие неколкукратно ќе го зголемат родот за годината.
7. Твојот личен гуру. Кој да ги слушне вашите маки и најлични мисли ако не ВИ. Веројатно во иднината апликации и чат-роботите кои ќе специјализираат за психичко здравје ќе ни бидат секојдневие. Или пак, ќе ги користиме во моментот, токму кога се чувствуваме нелагодно. Поради ова, цело човештво ќе има шанса да стане малку позрело на емотивен план.
8. Ука и наука со насочување. Вештачката интелигенција може да го смени образованието какво што го знаеме. ВИ може да ги открие најсуптилните наши нишки кон кои тежнееме и прилично точно да ни каже каде треба да се насочиме уште од мали нозе. А потоа и да нѐ е образува со клучните лекции од големите умови, без непотребните лекции од школо, бесплатно, по дома.
Државното образование веќе нема да добие никаква шанса.
9. Нема нервози со возењето. ВИ ќе ги управува нашите автомобили, но и може да понуди како оптимално да се насочат или пренасочат улиците во градот за да нема гужва – и за да нема толку смог.
10. Спасувач на животи. ВИ е јунак во фармацевтската индустрија, ги анализира големите маси на податоци за да открие потенцијални лекови за спасување животи. Лекови пронајдени на начин на кој на човек не би му текнало. Исто како што, на пример, со доволно струја и мегабајти, ВИ ќе може да докаже хипотези во математиката, така што тоа на нас отпрвин нема да ни изгледа ниту логично ниту интуитивно. Но, ќе биде точно.
А сето ова значи дека во големото финале, влијанието на вештачката интелигенција врз човештвото не е ништо помалку од неверојатно. Авантурата, добра или лоша, изгледа тукушто започна.