More

    Груевски демантира дека лобирал за менување на Кривичниот законик

    spot_img

    Експремиерот Никола Груевски се огласи по информациите дека се договарал за измените на Кривичниот законик, со кои би се олесниле неговите затворски казни, во замена за поддршка или лобирање пратеници на опозицијата да гласаат за уставните измени.

    Во статус на социјалните мрежи Груевски ги демантира ваквите тврдења, коментирајќи дека во неговиот случај, измените имаат минорно влијание.

    Вакви измени во Законот се говорат во јавноста одамна, околу четири-пет години, и од она што можам да забележам од медиумите, има многу заинтересирани страни од различни политички провиниенции за истите да се изгласаат.

    Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество. Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за несторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес и сè уште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех. И имаат причина за страв!“ – напиша Груевски.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img