Вистинските пријателства се цврсти и искрени, полни со љубов, разбирање и хуманост.
Долгогодишното пријателство помеѓу Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, компанијата „Зегин“ и СОС Детското село придонесе оваа година штитениците од Детското село да уживаат во летниот камп во Охрид и во безгрижни денови исполнети со многу игри, песни и радост.
Пред самиот почеток на новата учебна година помалите и поголемите членови од ова убаво и големо семејство се вратија од десетдневната релаксација и уживање покрај вода, подготвени за нов и свеж почеток на новата успешна училишна година.
– Хуманоста како гранка која е карактеристична за „Зегин“ уште од самите почетоци продолжува да расте и да се развива преку нашата Фондација. Соработката со СОС Детско село ќе продолжи и понатаму и се надеваме дека заедно ќе изреализираме уште многу успешни проекти, зашто секое дете заслужува среќа – велат сопственичките на „Зегин“ и на Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, Викторија и Христина Механџиски.