Владата набргу ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки, а колку тој ќе чини, не се знае, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими кој одржа прес конференција за ребалансот на буџетот .
За антикрицни мерки, како што рече министерот, засега има 4,55 милијарди денари (73,8 милиони евра), од кои веќе се влесени прокетите кои веќе се донесени во насока на полесно справување со предизвиците од ценовната и енергетската криза за граѓаните и компаниите.
-Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и парното греење во делот на ЕСМ. Има доволно средства, работиме на деветиот пакет антикризни мерки. Дополнително ќе се оди со таргетирање до крајот на годината, за поддршка на најранливите категории – истакна Бесими.