More

    Скопски аеродром доби награда за квалитетот на услугите

    spot_img

    ТАВ Аеродроми, синоќа, на годишниот Форум и светски самит за искуство на клиентите на ACI во Инчон, Република Кореја, ја прими наградата за Квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality–ASQ) за Меѓународниот Аеродром Скопје за 2022 година, од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International World – ACI World).

    Програмата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) е светска водечка програма за мерење на искуството на клиентите на аеродромот и за креирање одредници. Споредено со други програми во воздухопловната индустрија, оваа програма се заснова врз истражување во живо, преку анкети собрани на аеродромот – директно од патниците – кои го оценуваат нивното задоволство на денот на патувањето.

    Меѓународниот Аеродром Скопје, покрај тоа што е награден како Најдобар аеродром според својата големина и регион (2 до 5 милиони патници годишно во Европа), исто така е награден и во следниве категории: Аеродром со најпосветен персонал во Европа, Најлесно аеродромско патување во Европа, Најпријатен аеродром во Европа и Најчист аеродром во Европа за 2022 година.

    Ова е 8-ми пат како скопскиот аеродром ја добива оваа награда, по ASQ наградите што ги има добиено за 2021, 2020, 2019, 2018, 2015, 2013 и 2012.

    Скопскиот аеродром спаѓа во панел за ASQ што се состои од аеродроми со големина од 2-5 милиони патници годишно, во Европа.

    ТАВ Македонија, ја заокружи првата половина од годината со вкупно 1.691.363 патници кои патувале преку двата македонски аеродрома. Ова претставува пораст од 36% споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 16% зголемување на бројот на патници.  Во однос на бројот на летови, во 7-те месеци од 2023 година се реализирале 12.834 летови, или 21% повеќе од 2022, односно 5% повеќе споредено со 2019 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img