Во Обреновац е уапсен маж под сомнение дека заклучил девојка од Белград во својата куќа, ја држел како робинка и ја тепал до таа мера што и нанел тешки физички повреди.
Кога дошла кај него, тој ја заклучил и живеел со неа четири дена, од 26 до 30 август. Ја тепал со раце, нозе, предмети од куќата…
По четири дена успеала да побегне и да се врати во Белград кај нејзината мајка, која едвај успеала да ги убеди да одат на лекар.
Истепаната девојка ден и пол по тепањето побарала помош од медицинска сестра. Направена е итна операција, и е отстранета слезината, а се здобила со тешки физички повреди и животот и е во опасност, пишува Телеграф.