More

    Што се случува со генерал Суровикин, најголемиот сојузник на Пригожин?

    spot_img

    Институтот за проучување на војната (ISW) ги истражуваше гласините околу рускиот генерал Сергеј Суровикин, откако оваа недела се појави непроверена фотографија на која тој наводно шета со сопругата. Суровикин, кој се смета за сојузник на покојниот основач на Вагнер, Евгениј Пригожин, не е виден во јавноста после бунтот на платеничката војска во Москва.

     

    Во своето последно ажурирање за војната во Украина, ISW цитираше руски инсајдерски извори и воени блогери кои забележаа дека профилот на Суровикин е отстранет од официјалната веб-страница на Министерството за одбрана.

    „Отстранувањето на профилот на Суровикин само по себе не е посебно – руското воено раководство го отстрани Суровикин од позицијата командант на Воздухопловните сили (ВКС) во август, а отсуството на неговиот профил на веб-страницата на Министерството за одбрана може да едноставно да биде одраз на овој факт“ – пишува во објавата од ISW.

    ISW, исто така, цитира извори кои велат дека Суровикин зазел нова функција во Заедницата на независни држави, велејќи дека таквиот потег би одговарал на моделот на прераспоредување на неефикасни генерали „како форма на казна“.

    „Назначувањето на Суровикин во улогата на ЗНД сугерира дека руското воено раководство најверојатно ќе ја продолжи практиката на преместување на обесчестени или неефикасни команданти на позиции кои не се вклучени во војната во Украина“ – пишува ISW.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img