Рускиот амбасадор му предал предлог-варијанта за единствена валута на сојузот БРИКС на амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, објави државната телевизија на Иран. Се работи за 100 „пари“.
„Рускиот амбасадор во Јужна Африка ја демонстрираше банкнотата БРИКС 100 за време на церемонијата во амбасадата на ОАЕ во Преторија“, пишува на Твитер.
На фотографијата прикачена на пораката се гледа дека во центарот на монетата се дадени знамињата на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка и испишани се имињата на државите како што гласат на своите јазици.
Валутата на БРИКС ја поддржаа повеќе земји иако тоа е идеја во зародиш. Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го нарече неприфатлив „зелениот неоколонијализам“ на развиените земји.
Берлинер Цајтун неодамна објави анализа во која и до половина од светското население може да се најде во сојузот БРИКС, а тоа ги вклучува некои од најбрзорастечките економии. Неодамна дури 23 земји изразилр желба да се приклучат во сојузот кој за беше формиран во 2006 година.
Во август месец беше постигнат консензус да се приклучат Саудиска Арабија, Аргентина, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати со почеток од 1 јануари 2024 година.