More

    Собранието ја продолжи 125. седница со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, во второ и трето читање

    spot_img

    Собранието попладнево ја продолжи 125. седница со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, во второ и трето читање.

    Прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, оценувајќи дека овој закон е олицетворение на хипокризијата на власта.

    Стојановски забележа дека на Парламентот му е приоритет да зборува за Кривичниот законик, наместо за она што се случува на Онкологија.

    – Замислете, тие што имаат можност да ги управуваат институциите, поднесуваат закон кој комплетно ќе го урниса системот во државата. Со овој закон се јасни две работи – несоборливата вистина дека ќе одите во опозиција и од правдата нема да избегате – обвини Стојановски.

    За Гордана Силјановска Давкова е нејасно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.

    – Денеска бев сведок на јавно убиство на правото и правдата во Комисијата за антиевропски прашања – истакна Силјановска Давкова.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на продолжението на седницата информира дека Владата го повлекла Предлог-законот за авторски права.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img