Светската здравствена организација соопшти дека 99 отсто од светското население дише воздух што не ги задоволува стандардите за квалитет.
СЗО повика на намалување на употребата на фосилни горива, кои испуштаат загадувачи за време на согорувањето кои предизвикуваат респираторни и кардиоваскуларни заболувања, кои предизвикуваат прерана смрт на милиони луѓе секоја година.
Според ажурираната листа на мерни станици (од кои СЗО сега има повеќе од 6.000), 99 отсто од светската популација дише воздух чиј квалитет е под пропишаните граници и често е полн со честички кои можат длабоко да навлезат во белите дробови, да влезат во вените и артериите и предизвикуваат болести.
Квалитетот на воздухот е најлош во источниот Медитеран и Југоисточна Азија, а потоа во Африка, се вели во соопштението.
Покрај честичките ПМ 2,5 и ПМ 10, во базата за прв пат беше вклучено и мерењето на азот диоксид.
Азотниот диоксид се формира главно со согорување на горивата што ги користат луѓето, главно за автомобили и е најчест во урбаните средини.
Изложеноста може да доведе до респираторни заболувања како што се астма и симптоми како што се кашлање и отежнато дишење.
Највисоки концентрации се забележани во регионот на Источниот Медитеран.