Здружението на професионални фудбалери (ПФА) неодамна го прогласи Сака за најдобар млад играч во Англија.
Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака е прогласен за најдобар англиски играч во минатата сезона, објави Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), пренесува BBC.
Сака вчера го прослави својот 22 роденден, а наградата му ја врачи играчот на Тотенхем Џејмс Медисон на тренингот на репрезентацијата на Англија. Во соопштението на ФА се вели дека Сака добил најмногу гласови пред Џуд Белингем и Хари Кејн.
Сака минатата сезона одигра 48 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања и постигна 15 гола со 11 асистенции. Ова признание го доби по втор пат во кариерата, бидејќи беше прогласен за играч на сезоната 2021/22.