Украинските сили неодамна објавија дека го зазеле Роботин, а се чини дека Русија конечно призна дека нејзините војници се повлекле од селото во регионот Запорожје.
„Руската армија ја напушти – тактички ја напушти – таа населба бидејќи нема смисла да се остане на гола површина без можност за копање ровови“, рече Евгениј Балицки, висок функционер во регионот назначен од Москва.
„Затоа нашата војска се пресели во ридовите“, додаде Балички. Се чини дека Украина успеа да ја пробие една од најзацврстените руски одбрани на линијата на фронтот при освојувањето на селото Роботин, пишува Sky News.