More

    Грешката на Шојгу ја засени изјавата дека Украинците доживеале тотален неуспех

    spot_img

    Грешка во собирањето на тенкови го привлече вниманието на медиумите изјавата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кога тој ги соопштуваше загубите на Украина во според него, „таканаречената контраофанзива“. Грешката ја засени неговата оценка дека контраофанзивата била тотален неуспех и дека Украинците всушност загубиле 66.000 војници и 7.600 парчиња оружје за само три месеци.

    Се работи за следната изјава:

     

     

    – Вчера, како резултат на сериозен напад во насока Роботин, (Украина) загуби шест тенкови. Во друга насока, во Бахмут, нашите момци вешто уништија уште шест возила со нови UAV-ови. Затоа, вчера имаше единаесет (уништени) само оклопни возила.

    Њузвик забележува дека руската државна агенција Интерфакс ја „испеглала“ грешката во збирот на Шојгу и во делот кај Бахмут било известено дека „нашите момци вешто уништиле повеќе возила“. За разлика од Интерфакс, РИА Новости се држела до бројката од 11 иако 6 плус 6 даваат 12. Колку точно тенкови беа уништени?

    Но, и покрај тоа што ја оцени контраофанзивата како целосен неуспех Шојгу денеска изјави дека на Русите тешко им оди во Запорожје:

    – Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт. Најтензичната ситуација е на фронтот во Запорожје. Непријателот ангажира бригади од својот стратешки резерват чиј персонал е обучен од западни инструктори – рекол Шојгу цитиран од руското Министерство за одбрана.

    Од другите бројки кои ги презентираше тој во понеделникот се вели дека Русите погодиле 34 командни пунктови на украинската војска за само еден месец, а дека во последната ндеела биле уништени и седум дронови на ураинската морнарица.

    Повиците за смена на Сергеј Шојгу, но и првиот човек на генералштабот Валериј Герасимов во Русија стануваат сѐ погласни, откако такви критики упати и Евгениј Пригожин, лидерот на платениците „Вагнер“, кој неодамна загина во неразјаснета авионска несреќа близу Москва.

    Смртта на Пригожин, според некои западни аналитичари може да е поврзана со одмазда од страна на Шојгу и на Герасимов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img