АД ЕСМ е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок.
„Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија“, се наведува во соопштението од ЕСМ.
ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ како и сите подготвителни активности за поставување нови топловодни цевки кои се веќе пренесени на локацијата.