More

    Ковачевски-Богдан Мартин: Северна Македонија е земја со една од најразвиените телекомуникациски и инфраструктурно дигитални мрежи во регионот

    spot_img

    На маргините на Талинскиот дигитален самит 2023 во Естонија, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски оствари средба со генералната секретарка на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) Дорин Богдан-Мартин.

    На средбата беше нагласено дека Северна Македонија од ITU е признаена како земја со една од најразвиените телекомуникациски и инфраструктурно дигитални мрежи во регионот, што дава основа за брза дигитална трансформација.

    Беше разговарано за човечките ресурси како предуслов за дигитална трансформација. Експертизата на македонските ИТ инженери е високо ценета во ITU структурата и на состанокот беше потенциран нивниот значаен придонес во многу меѓународни проекти ширум светот.

    Посебен акцент на средбата беше даден на соработката на Меѓународната телекомуникациска унија со Министерството за информатичко општество и администрација на краткорочни проекти коишто со готови архитектонски дизајни на софтвер ќе обезбедат исчекор во интероперабилноста на јавните институции.

    Од ITU е поздравена посветеноста на процесот на дигитализација од страна на највисокото политичко раководство, сметајќи дека истото ќе поттикне и други земји да дадат приоритет на овој процес во своите земји.

    Од страна на премиерот Ковачевски беше посочено дека преку формирањето на Агенцијата за дигитализација ќе се забрза реализацијата на дигиталната безбедност, креирањето на интероперабилни системи кои ќе ги развиваат ИТ ресурсите во институциите на централизиран и инклузивен начин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img