Националната галерија на Британија смени наслов на цртеж од францускиот импресионист Едгар Дега. Сликата со пастел и јаглен од 1890-тите сега се нарекува „Украински танчарки“ наместо „Руски танчарки“, како одговор на агресијата во Украиан, пишува РТ. Францускиот сликар ја направил сликата како дел од серија цртежи во време кога руски танчарки доаѓале во Париз, а Франција и Русија биле сојузници. Но, сега танчарките се Украинки?
Танчерките „речиси сигурно се Украинки отколку Русинки“, се вели во описот на сликата на веб-страницата на Националната галерија, без дополнителни објаснувања.
Галеријата признава дека промената на насловот се должи на актуелната политичка ситуација и по кампањата за јавен притисок на социјалните мрежи, а не поради какви било новооткриени факти за работата на сликарот Дега.
– Меѓутоа, вниманието кон темата се зголеми во текот на изминатиот месец поради моменталната ситуација, па затоа сметавме дека ова е соодветен момент да го ажурираме насловот на сликата за подобро да ја одрази темата на сликата – додава тој.
Две украински уметнички фигури, ја пофалиле оваа промена. Олесија Хромејчук, директорка на Украинскиот институт во Лондон, се жалеше дека долги години кураторите на изложбите во Британија „без проблем ги претставувале еврејската, белоруската или украинската уметност и уметници како руски“.
Всушност, самата кампања за „украинизирање“ на цртежите на Дега била предводена од украинската уметница и активистка Маријам Најем, која тврдеше дека потегот на Националната галерија е нејзина „мала победа“. Таа рече дека им пишала на неколку западни музеи за уметност прикажувајќи делови од серијата цртежи, барајќи промена и дека британскиот бил првиот што ја прифатил идејата.
Постојат и други примери на Запад каде руски уметници или руската култура бидува санкционирана како одговор на агресијата во Украина. Универзитетот Бикако во Милано во Италија, на пример, ја објави својата намера да престане да одржува курс за Фјодор Достоевски и наместо тоа да се фокусира на украинските автори.
Веста предизвика бурни реакции, а потоа одлуката беше сменета. Истовремено, Филхармонискиот оркестар на Кардиф во Велика Британија го исфрли Пјотр Чајковски од својата програма.