More

    Украина не ги слуша повиците на Западот, до каде може да тера?

    spot_img

    Украинската офанзива е на „тенок мраз“ или подобро речено, во кал. Фајненшл Тајмс пишува дека Киев не ги слуша повиците на Западот за смена на тактиката, бидејќи со доаѓањето на есента калливото црно тло во централните делови од земјата може да ги заринка тенковите кои досега бавно напредуваат.

    За среќа, тоа не е случајот со таканаречениот „ареносол“, песоклива земја којашто брзо се суши. Но, таа се наоѓа само во јужните региони како Запорожје и градот Мелитопол, чие заземање ќе биде клучно за успехот. Ќе стигне ли дотогаш офанзивата до овие места?

    Вашингтон е загрижен, Киев вели „ќутете“!

    Ова особено го загрижи Вашингтон. Од таму стигна предупредување дека Киев треба да ја ресетира својата воена стратегија ако сака да постигне решителен напредок и да ја задржи меѓународната поддршка пред влажното време да ја попречи способноста на неговите сили за удар.

    Од Киев имаат друго мислење. Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, минатата недела отиде толку далеку што рече дека критичарите на воената кампања на Украина треба да „молчат“.

     

     

    Сепак, според Микола Бјељесков, украинското тло останува цврсто и во зима. Тој е научен соработник во Националниот институт за стратешки студии во Киев.

    – Бидејќи поголемиот дел од тлото во јужна Украина останува цврсто дури и со дожд, украинските сили сè уште ќе можат да маневрираат во текот на зимата. Времето не е нужно ограничувачки фактор, како што некои луѓе веруваат – охрабрува тој, велејќи дека во секоја битни се локалните микроуслови.

    Трите тактики за бавна контраофанзива

    А тактиката на Украинците, според Олексеј Данилов, шеф на Советот за национална безбедност на земјата, е непроменета. Таа се состои од три дела. Првиот е бавното пробивање низ минските полиња. Украинските сили напредуваат неколку стотици метри дневно и засега окупираат само села.

    Вториот е гаѓање на руските складишта со муниција за долг дострел. Овој дел службеникот Загодорњук го споредува со бавната војна во Иран од 2003 година, но признава дека Украина ја нема „воздушната супериорност“, мислејќи на воените авиони.

    Тешко се оди околу руските „старовремски“ мински полиња 

    Најтешко од сѐ е заобиколувањето на руските мински полиња зад кои стојат тунели поврзани со ровови. Така Русите ја движат муницијата и општо, војската. Исто како во Втората светска војна.

    – Ниту една западна земја не води ваква војна од 40-тите години и гледаме дека некои воени размислувања се применуваат на многу поедноставен начин – оценува Загородњук.

    – Маневрската војна не е „сребрен куршум“ и може да работи само ако најпрво можете да ги заобиколите сите руски упоришта – Украинците треба да се борат на начин на кој знаат да се борат – додаде Бјељесков.

    Моментот е решавачки, а помошта виси на конец

    Летната воена кампања на Украина се чини дека достигнува решавачки момент. Плашејќи се од украински пробив, руските команданти испратија резерви за зајакнување на јужните линии, a истовремено напаѓаат кај Купјанск во обид да го пренасочат фокусот на битките.

    Сепак, со мали изгледи за решително повторно заземање на територијата, како што пишува Фајненшл Тајмс, степенот до кој сојузниците ќе продолжат да гарантираат воена и економска поддршка на Киев и релативната сила на двете вооружени сили остануваат неизвесни.

    Тајна мобилизација на уште 300.000 војници

    Во изминатите 18 месеци, западните сојузници на Украина, предводени од САД, доделија нешто повеќе од 110 милијарди долари воена помош. Од друга страна, како што пренесува агенцијата Ројтерс, само за оваа година рускиот одбранбен буџет изнесува повеќе од 100 милијарди долари, а лани Кремљ потрошил, според проценките, 86 милијарди долари.

    Русија неодамна регрутираше речиси 300.000 нови војници од луѓе кои, според британските служби, се имигранти од Узбекистан, работат како градежни работници во Русија, а одземени им се пасоши и понудени им се убави плати за својата служба. Кремљ успеа да направи мобилизација без таа да биде емитувана во медиумите и да направи скандал како што тоа беше со претходните две мобилизации.

    На крајот на јуни Русија се огласи за волонтери во соседните земји како Ерменија или Казахстан, нудејќи аванс од 495.000 рубли (околу 4.750 евра) и месечна плата од 190.000 рубљи (околу 1.800 евра), што е многу повеќе од просечната плата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img