Главниот летонски оператор за гас вели дека не ја исклучува можноста да плаќа за рускиот природен гас во рубљи, откривајќи дека новиот метод на порамнување објавен од Москва Летонија го анализира од правна и од деловна перспектива, пишува РТ.
„Според првиот впечаток, процедурата за порамнување во руски рубљи формално не го нарушува режимот на санкции и е можна“, се вели во соопштението на „Latvijas Gaze“.
Ова доаѓа како изненадување по саботата, кога шефот на летонскиот оператор за складирање природен гас „Conexus Baltic Grid“ рече дека сите балтички земји – Летонија, Естонија и Литванија – повеќе не увезуваат руски природен гас.
Претходно, Аигарс Калвитис, претседател на одборот на „Latvijas Gaze“, кој е делумно во сопственост на руски „Газпром“, рече дека компанијата не може да плаќа за испораките на природен гас од Русија во рубљи, бидејќи сегашниот договор предвидува сите трансакции да се вршат во евра.
Изгледа дека Летонија уште размислува за рубљите.