More

    Туберкулоза на коските: Причина, симптоми и како најдобро да се третира овој проблем?

    spot_img

    Коскената туберкулоза е ретка форма на туберкулоза која ги зафаќа коските и зглобовите. Најчесто зафатени се зглобовите кои ја носат тежината на телото, а може да биде зафатен и ‘рбетот, како и коските на раката или лактот, особено по повреда. Болеста е тешко да се дијагностицира, а колку порано се открие, толку подобро за нејзиниот третман.

    Туберкулозата е болест која најчесто ги напаѓа белите дробови, но може да се прошири и на други делови од телото.

    Коскената туберкулоза може да влијае на ‘рбетот, коските и зглобовите и често нема никакви симптоми.

    Што предизвикува туберкулоза на коските?
    Оваа болест е предизвикана од веќе постоечката туберкулоза во телото која се проширила до коските. Туберкулозата нормално се шири низ воздухот и ги напаѓа белите дробови, но може да се прошири и на остатокот од телото преку крвотокот. Може да се појави и кога некое лице ќе дојде во контакт со заразена крв, телесни течности или гној.

    Коскената туберкулоза е релативно ретка, но во последните неколку децении присуството на оваа болест е зголемено во неразвиените земји. Бидејќи е ретка, болеста е тешко да се дијагностицира и, доколку не се лекува, може да доведе до разни здравствени проблеми.

    Генерално, луѓето кои не биле вакцинирани против неа, како и лицата кои имаат ослабен имунитет поради некоја друга болест, побрзо ќе заболат од туберкулоза.

    Луѓето со ХИВ или недостаток на витамин Д се исто така изложени на поголем ризик.

    Како да препознаете туберкулоза на коските?
    Тешко е да се дијагностицира бидејќи нема симптоми во раните фази. Откако ќе се препознаат или кога ќе помине доволно време, симптомите може брзо да напредуваат.

    Некои од симптомите на туберкулоза на коските што се појавуваат се:

    – болка во грбот

    – болка во погодената област на коските или зглобовите

    – оток околу погодената област

    – вкочанетост и проблеми со одење, особено кај децата

    – мускулна слабост

    Во напредната болест се јавува деформација на коските, невролошки компликации или парализа. Покрај тоа, може да се појават и вообичаени симптоми на туберкулоза како треска, ноќно потење, губење на тежината и слабост.

    Дијагноза и третман на коскена туберкулоза
    Болеста понекогаш е тешко да се дијагностицира бидејќи симптомите наликуваат на многу други болести. Токму затоа е неопходно да се направат низа тестови и испитувања.

    Најпрво ќе биде потребен тест на крвта за да се види присуството на бактеријата која предизвикува туберкулоза и ќе биде потребна рендген, магнетна резонанца и КТ на коските, како и биопсија на заболеното ткиво.
    Од друга страна, третманот вклучува долготрајна антибиотска терапија, имајќи предвид дека туберкулозата е предизвикана од бактерии.

    Антибиотиците треба да се земаат од 6 до 18 месеци. Може да се земаат и кортикостероиди. Неопходно е да се вршат редовни контроли за да се види дали терапијата делува.

    Најважно е болеста навреме да се открие и веднаш да се започне со лекување за да не се појават уште поголеми проблеми. Така, во некои случаи, може да дојде до оштетување на коските или зглобовите, па затоа ќе биде потребна операција за отстранување на погодената и заразената област.

    Туберкулозата на коските може да се спречи со вакцинација или со избегнување контакт со некој што знаете дека има активна туберкулоза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img