Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 0,50 денари за литар, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,094 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95,87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98, 89, дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81 денар за литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50, мазут М-1 НС 46,158 денари за килограм.