Необична промоција на противникот на Ѓоковиќ на УС Опен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американецот Тејлор Фриц е следниот противник што ќе излезе на мегдан со Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на УС Опен. Ѓоковиќ против Фриц има скор од 7:0 во меѓусебните дуели меѓу кои е и оној меч на Австралија опен од 2021 година, кој траеше пет сета.

Веднаш по тој меч Фриц го прозва Ѓоковиќ дека лажира повреда, откако Србинот намали со 2:0 во сетови.

– Се чинеше добро во петтиот сет… Морам да му честитам за петтиот сет, тој беше навистина добар. Ниту блиску до третиот и четвртиот. Неверојатно сервираше, не пропушти. Да беше навистина повреден, немаше да продолжи да игра – изјави тогаш Тејлор Фриц и го предизвика Србинот да извади лекарска потврда дека е повреден.

Фриц моментално е на 9.место на светската АТП листа, а на последните две победи, привлече големо внимание не толку со играта колку со атрактивната девојка Морган Ридл. Таа тогаш беше сопственичка на најпровокативниот стајлинг на Австралија Опен.

 

Фриц и Морган се во врска од 2020 година. Атрактивната русокоса е родена во Калифорнија, но има полски корени. Работела неколку работи, од инфлуенсер и водителка на Инстаграм, до менаџер и работа во светот на модата.

- Advertisement -
Ad image

 

Последниот пораз на Фриц беше од Ѓоковиќ во Синсинати, а во досегашниот настап на УС Опен без загубен сет ги нокаутираше Џонсон, Варилкјас, Менсик и Стајкер. Но, сега е пред најголемиот предизвик за прв пат да го победи Ѓоковиќ.

– Новак е Новак. Тешко е. Го кажав тоа на теренот, седум пати ме доби. Нема никој друг што го има тој рекорд против мене, така што се надевам дека  еднаш ќе го „фатам“! Четвртфиналето на УС Опен би било прилично добро време да го направам тоа – изјави Фриц пред дуелот со Ѓоковиќ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article